Пеколен возач: Се чукна во комби, автомоби, мотор и автобус, па на крајот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не, не станува збор за шега, ниту за скриена камера. Видеото е направено од градска безбедносна камера во Пекинг. Иако на прв поглед делува како урнебесно смешно, видеото поседува и ужасна нота.

Во главната улога се наоѓа еден возач на скутер, кој ги остави во шок останатите учесници во сообраќајот на оваа пекиншка крстосница.

Возејќи со својот скутер, налета на комби, за после неколку мига да се чукне во автомобил. Сообраќајна сага не запира тука. Веднаш после тоа, на истата крстосница, се чукна во уште еден скутер, за на крајот да се чукне во камион од спротивната страна.

И агонијата продолжи кога, после сите овие судири, се врати на својот скутер и падна во оградена дупка на градилиштето покрај улицата.