Баерн призна: Не бараме тренер, сакаме Хејнкес да остане!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес јавно ја искажа желбата на клубот да го задржи Јуп Хејнкес на клупата и следната сезона.

Хејнкес дојде како привремено решение после отказот на Анчелоти, но раководството на германскиот гигант сака да го задржи и за следната сезона.

„Се обидуваме да му објаснеме на Јуп дека неговата мисија во Баерн се уште не е завршена. Тој треба да биде тренерот со кој Баерн ќе направи подмладување на тимот. Се надевам дека ќе успеам да го убедам да остане уште една година. Во моментов немаме план Б и не бараме тренер“, изјави Хенес.