ПРЕСВРТ: Тотенхем ја „украде“ желбата на Арсенал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Тотенхем постигнал договор со Бордо за Малком, фудбалер кој беше голема желба на Арсенал.

Арсен Венгер беше силно зиантересиран за Бразилецот и веќе неколку дена водеше преговори со Бордо, но денес се случи неочекуван пресврт.

Имено, градскиот ривал Тотенхем успеа да го „украде“ Малком пред носот на „топџиите“. Имено, „спарси“ понудија 40 милиони евра во кеш плус 10 милиони како бонуси за неговиот потпуис, а Бордо ја прифати понудата.

Преговорите со самиот фудбалер се брзо завршени, па крилниот напаѓач наскро ќе потпише договор со Тотенхем на пет и пол години.