Пресврт: Сега Рабио е на чекор од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се чинеше дека трансферот на Рабио во Барселона е пред реализација, од тоа нема да биде ништо, откако Каталонците решија да стават крај на повеќемесечната „сапуница“.

Има повеќе причини поради кои на „Камп Ноу“ се одлучија да се откажат од трасферот на Рабио. Првата причина е Френки де Јонг кој на лето доаѓа од Ајакс во трансфер вреден 75 милиони евра, а втората причина е младиот Карлос Алења на кого Барселона сака да му даде поголема шанса во првиот тим.

Сепак, каталонските медиуми дека главната причина била мајката на плејмејкерот, Вероник Рабио висока провизија при потпишувањето на договорот, како и плата од 10 милиони евра која Барса не била спремна да ја прифати.

Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и до крајот на сезоната ќе биде надвор од тимот, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Реал Мадрид.

„АС“ тврди дека Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата на Рабио и е спремен да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“. Весникот тврди дека Зидан е симпатизер на играта и квалитетите на 23-годишниот Французин, па е спремен да му понуди договор.

Рабио е слободен да преговара со заинетресираните клубови и да потпише преддоговор, па би можел на лето да пристигне како слободен играч во Реал Мадрид.