Home Актуелно Премиерот Заев го смени речникот: Наместо „пе**р и суетен новинар“ – „манипулатори и измамници“

Премиерот Заев го смени речникот: Наместо „пе**р и суетен новинар“ – „манипулатори и измамници“

Во краткото интервју кое го даде за Медиумската информативна агенција (МИА), премиерот Зоран Заев го смени жаргонскиот вокабулар и термините „суетен новинар и педер“, кои завчера изреволтираа голем дел од македонската јавност, ги замени со „манипулатори и измамници“.

„Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби и на вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, рече Заев.

Социјалните мрежи и медиумите беа и сè уште се преплавени со различни коментари и толкувања на изјавата на премиерот. Тој завчера вечерта рече дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја урнат Владата. Веднаш потоа, преку Твитер се обиде да објасни дека немал намера никого да навреди и дека зборот педер го употребил како карактерна особина, а не како сексуална припадност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…