Преговорите започнаа: Интер ја сака ѕвездата на Бордо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Интер покажува сериозен интерес за ѕвездата на Бордо, Малком, пренесуваат италијанските медиуми.

Малком одигра фантастично сезона во Бордо каде постигна 12 гола и запиша 8 асистенции, по што го привлече вниманието на многу европски гигнати.

За него интерес од поодамна покажаа Арсенал, Челзи и Баерн Минхен, но сега во траката се приклучи и милански Интер.

Последните информации од Апенините тврдат дека „нероаѕурите“ веќе ги започнале преговорите и имале средба со неговите агенти за евентуален трансфер на „Џузепе Меаца“.

Претседателот на Бордо, Стефан Мартен потврди дека многу клубови се заинтересирани за Бразилецот, а медиумите тврдат дека за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Малком е крилен напаѓач, па во Интер може да биде алтернатива како за Перишиќ, така за Кандрева.