Home Актуелно Предупредување: Телеком е хакиран – не одговарајте на непознати странски броеви

Предупредување: Телеком е хакиран – не одговарајте на непознати странски броеви

Денес, во раните утрински часови, неколку илјади користиници на мобилните телефонски услуги на „Македонски Телеком“ добија повици од непознати странски броеви најчесто со префиксот +881 кој не постои.

Од „Телеком“ соопштија дека станува збор за хакерски напад врз компанијата и корисниците и порачаа тие да не се јавуваат доколку добијат повик од броеви кои им се сомнителни и веднаш да ги пријават.

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски.

Во меѓувреме, како што советува, граѓаните не треба да одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1.

Директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски, најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.

„Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов“, изјави Димитријоски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…