Пред тетовскиот суд денеска протест за случајот со изгорената модуларна болница


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, пред тетовскиот Основен суд, во 12 часот ќе се одржи протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово во која пред две години изгореа 14 лица.

Роднините на загинатите и граѓаните на Тетово преку социјални мрежи се организираа за денешниот протест поттикнати од содржината на документарниот филм на Истражувачката репортерска лабораторија насловен „Убиство во Тетово“. ИРЛ направи реконструкција на случајот, споделија документи и сведочења, објавија детали околу тендерот за изградба на модуларните болници, за сомневањата од какви материјали беа направени тие објекти, за сомневањата околу несоодветната градба и лошата електрична инсталација…

За овој случај имаше и обвинение, како и пресуда. Обвинителот ги гонеше двајцата ексдиректори на тетовската болница и докторот задолжен за модуларниот објект. Но, не и за причините за пожарот, за противпожарната заштита, во објектот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага, а која се однесува за тоа како е спроведен тендерот за изградба на сите модуларни објекти, дали се вградени сите материјали пропишани во техничката спецификација и каква била изведбата. Предметот е во фаза на истрага повеќе месеци.