Православните христијани денес го чествуваат Бадник, а утре го слават Божиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Верниците од православната христијанска вероисповед денес го слават Бадник, а утре го чествуваат Божиќ, еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос.

Христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ го одбележуваат на седми Јануари, а ден претходно го празнуваат Бадник.

На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството.

Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора.

Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.