Познати деталите од трансферот на Видал во Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми ги открија деталите од трансферот на Артуро Видал во Интер кој би требало да биде комплетиран набрзо.

Веќе се појави информација дека двата клуба постигнале согласнот за трансфер на 31-годишниот играч за врска во Милано, а денес медиумите на Апенините ги открија сите детали.

Видал ќе потпише 3-годишен договор со Интер вреден 5 милиони евра по сезона, а на „Џузепе Меаца“ ќе пристигне на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето.

Со оглед на фактот што договорот на Видал истекува следното лето, Чилеанецот најпрво ќе го продолжи договорот со Баварците до 2020 година, а потоа ќе трансферира во Интер со споменатата формула.

Во моментов двата клуба ги договараат последните детали, а целиот трансфер ќе изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.