Спорт

Позната следната дестинација на Лаказет!

Генералниот директор и главен акционер на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил, постигнал прелиминарен договор со напаѓачот на Лион Александер Лаказет, пренесуваат шпанските медиуми.

Лаказет по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Атлетико, а според истите извори, големо влијание во реализацијата на трансферот имал Антоан Гризман, кој активно учествувал во преговорите.

Гризман е трансфер цел на неколку екипи, но според последните информации тој нема намера да го менува клубот во летниот преоден рок. Оваа одлука на Гризман била клучна за Лаказет да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

25-годишниот репрезентативец на Франција, а оваа сезона за Лион во сите натпреварувања има постигнато 23 голови на 24 одиграни натпревари.

To Top