Гризман со оваа изјава предизвика „бура“ во Шпанија: Би играл за Реал или Барса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите светски напаѓачи, Антоан Гризман даде интервју за „Екип“ и со своите изјави буквално предизвика „бура“, а можно е да го навлече и гневот на фановите на Атлетико Мадрид.

Имено, Гризман отворено призна дека нема да има ништо против да се пресели во Реал Мадрид или Барселона иако тоа се најголеми ривали на „јорганџиите“.

„Барса или Реал? Зошто да не? Сон на секој играч е да игра за најголемите клубови и овие два клуба, заедно со Баерн се токму тоа. Но во моментов сум среќен во Атлетико и не се гледам ниту во Баерн, ниту во Реал, ниту на некое друго место“, изјави Гризман.

Французинот потоа потенцираше дека никогаш не би потпишал за ПСЖ и дека нема да се одлучи на чекор за заминување во Кина или САД.

„Кога еден ден ќе заминувам од Атлетико сигурно нема да потпишам за ПСЖ и сигурно нема да одам во Кина или САД“, категоричен беше Гризман.

Гризман во неговиот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра и во последно време често се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед.