Познат актер тврди: „Мерилин Монро не почина од предозирање, ја уби Кенеди“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холивудскиот актер Џани Русо, кој се прослави со улогата на Карло Рици во култниот филм за италијанската мафија „Кум“, тврди дека своевремено имал љубовна афера со славната Мерилин Монро кога таа имала само 16 години. Дополнително, тој тврди дека ја знае вистинската причина за нејзината смрт.

Тој во мемоарите пишува за многу интересни случки од неговиот живот, а исто така не пропушти и да се осврне на познатата холивудска убавица Мерлин Монро. Русо тврди дека таа не починала од предозирање, како што потврдила обдукцијата, туку дека ја убил Роберт Кенеди, брат на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Русо тврди дека тој на свои 16 години имал сексуална афера со Мерлин Монро која што тогаш имала 33 години. Само три дена пред нејзината смрт, Русо се фотографирал со Монро, а зад камерата бил познатиот мафијашки бос Сем Гјанчана.

„Мафијата сакаше да ги фати браќата Кенеди во тројка со Мерлин за да го уценуваат претседателот. Нивната цел беше да го уценуваат со цел претседателот да нареди инвазија на Куба. На тој начин тие сакаа мафијата повторно да ги контролира казината“, тврди Русо кој што е убеден дека зад смртта на Монро стои Роберт Кенеди.

„Тоа мораше да биде Роберт. Друг не би ја убил. Мафијата тоа не би го направила. Им се допаѓаше. Таа беше девојка која за неколку таблети и пијачки, ќе заминеше со секого“, тврди актерот кој што смета дека Роберт сакал да ја прикрие нејзината афера со Џон Кенеди.

„Човек познат како Докторот беше убиецот. Тој вбризгал воздух во вената. Монро почина од емболија, но на обдукцијата тоа изгледало како предозирање со дрога“, тврди Русо.