Позитивен новитет од Твитер, но само за оние што користат латиница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Твитер одлучи да направи една практична измена во понудата која ја нуди како социјална платформа, а која ќе ги израдува и одоброволи оние кои користат латинична поддршка при пишувањето пораки.

Имено, од компанијата одлучија да удвојат максимумот на должината на пораките, па отсега ќе можете да пишувате пораки со должина до 280 карактери, бидејќи тест периодот заврши успешно, соопштија од социјалната платформа.

„Промената ја воведуваме во сите јазици во кои границата од 140 карактери беше проблем за корисниците“, напишаа од мрежата на нивниот блог.

Продолжувањето на максимумот карактери се однесува само на пораките пиушвани на латиница, потсетуваат од платформата, биедјќи границата од 140 карактери понекогаш е проблематична за англиските, шпанските, португалските и француските корисници, но не и за оние кои пишуваат на јапонски, корејски и кинески, бидејќи тиа користат мал број на карактери.