Потврдено: Буфон го напушта Јувентус после 17 години – клубот му се заблагодари со емотивно видео


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес во 11:30 часот прес-конференција за медиумите во тренинг центарот на Јувентус одржа Џанлуиџи Буфон, на конференцијата присуствуваше и претседателот на „старата дама“, Андреа Ањели.

Буфон на оваа конференција го потврди она што се очекуваше, саботниот натпревар против Верона ќе биде негов последен во дресот на Јувентус.

„Во сабота го играм мојот последен натпревар за Јувентус, тука е крајот на мојата авантура. Кога пристигнав во 2001 година, Јувентус доби голем талент, а ако станав шампион тоа е само благодарение на клубот. Менталитетот на овој клуб и филозофијата која ја стекнав тука ќе бидат мој пат кој ќе го следам и во иднина. Тоа е единствениот начин да стигнете до резултати“.

„Вечно ќе му бидам благодарен на Јувентус“, изјави Буфон.

Новинарите секако го запрашаа: „Што понатаму?“

„Засега знам само дека во сабота го играм мојот последен натпревар за Јувентус. Се што се случува околу мене знае и претседателот Ањели. До пред неколку дена бев сигурен дека ќе ја завршам мојата кариера, но сега постојат и други опции“.

„Одлуката ќе ја донесам во наредните неколку денови, како што кажав постојат неколку опции“, заврши Буфон.

Веднаш потоа Јувентус му се заблагодари на легендарниот голман преку емотивно видео.