Потреси во ВМРО ДПМНЕ: Разрешени Митко Јанчев, Богданов и Богојевски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемата опозициска партија се соочува со огромен земјотрес по гласањето за уставни измени од страна на нивни досегашни пратеници. Како реакција, по исклучувањето на седумтемината пратеници, вечерва Централниот комитет ги разреши и исклучи од партијата Костадин Богданов, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и ’реформаторот’ Петар Богојевски.

Според партиски извори, на Централниот комитет биле исклучени како што се вели најголемите виновници за раздорот во партијата и тоа градоначалникот Митко Јанчев, како и ’реформаторите’ Костадин Богданов и Петар Богојевски. Сите тие повикуваа да се излезе и да се гласа на референдумот, а после неуспехот на референдумот ги поддржаа уставните измени на власта со цел промена на уставното име.

Неофицијално, се спомнува дека од партијата е исклучен и влијателниот Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на кој му се припишува вина дека ’кумувал’ врз дел од пратениците да прифатат гласање за уставни измени.

Митко Јанчев е сопственик на Кожувчанка и градоначалник на Кавадарци, додека Богданов и Богојевски беа инсталирани од новото раководство на ВМРО ДПМНЕ како дел од ’реформаторите’ кои подолг период бараа реформи во партијата.


Јанчев за ТВ 24: Секое лошо,за добро е

Секое лошо за добро е и тоа ќе помине, вака разрешениот потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Митко Јанчев ја коментира веста за неговото разрешување од партиските органи. Јанчев вели дека тој е ВМРО ДПМНЕ и останува ВМРО ДПМНЕ и понатаму.

„Мирен и скромен живот носи повеќе среќа од неуморната трка по успехот“, изјави за ТВ 24 Јанчев.

Доскорешниот потпретседател на ВМРО ДПМНЕ гласаше на референдумот, а порача и дека би прифатил амнестија за 27 април и би глaсал за уставните измени со одредени услови.


Минов ќе ја напушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради разрешувањето на Јанчев

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов најави дека ќе се повлече од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради разрешувањето на потпретседателот на ДПМНЕ, Митко Јанчев од страна на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Како што објасни Минов на телевизијата 24 вести, не сака да биде дел од коалиција додека лидер на водечката партија во коалицијата е Мицкоски.

-Не можеш да разрешиш успешен градоначалник поради изразено мислење, рече пратеникот на ГРОМ.