Home Актуелно Потпретседателот на САД: ТАА е столбот на севернокорејскиот тирански режим

Потпретседателот на САД: ТАА е столбот на севернокорејскиот тирански режим

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, отворено ја обвини сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, симпатичната Ким Јо-jонг, дека е „вистинскиот столб“ на режимската тиранија во Северна Кореја која загрозува милиони граѓани.

„Сестрата на Ким Јонг-ун е централен столб на најлошиот тирански и репресивен режим во светот. Тоа е злобна семејна свита која брутализира, убива, затвора и малтретира околу 25 милиони луѓе“, изјави Пенс на собир на републиканците во близина на Вашингтон.

Тој истакна дека САД одлучно ќе остане против Северна Кореја, се додека Пјонгјанг се заканува и не сака да се откаже од нуклеарната програма.

Пенс и Ким Јо-jонг присуствуваа на отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во иста ложа, но не разменија ниту збор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…