Последен ден за анкетните листови: Еве колку тежи во пари и имот новиот владин кабинет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Истекува рокот во кој новиот владин кабинет на премиерот Зоран Заев, треба јавно да каже што и колку поседува од страна на имот и пари во анкетните листови кои треба да ги достават.

Дел од нив ги пополнија анкетните листови за имотот што го поседуваат, а листовите за дел од нив се празни.

Премиерот Зоран Заев има куќа од 4.000 метри квадратни во Струмица, 4 хектари земјоделско земјиште во село Муртино, стан на родителите од 65 метри квадратни, акции како имот на родителите од 12.000.000,00 денари, даден заем во вредност од 4.300.000,00 денари и орочени девизни депозити во Шпаркасе во вредност од 1.648.269,00 денари и 445.445,00 денари, пренесува А1.он.

Имотните листови ги пополниле и министрите за земјоделство, Љупчо Николовски и за информатичко општество Дамјан Манчевски.

Николовски има имот вреден околу 210.000 евра. Во анктениот лист, на име на неговото семејство пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.
Манчевски поседува имот од околу 25.000 евра, но има и кредит за отплата во висина од 14.000 евра. Манчевски не поседува ниту куќа ниту стан, но поседува градежно земјиште.

Вози Сеат Алтеа од 2010 година и има пари на штедните книшки на сопругата и децата.

Министерот за економија Крешник Бектеши поседува имот вреден 2 милиони евра и тоа во Кичево, Приштина, Каваја- Албанија и во Базел-Швајцарија.

Неговото смејство поседува куќи и станови, земјоделско земјиште, градежен простор и деловен простор. Бектеши на негово лично име има и три автомобили Мерцедес, Хјундаи Туксон и Голф 4.

Околу 440.000 евра е имотот на министерката без ресор, Зорица Апостолска, кадар на НСДП.

Има куќа и стан во Скопје и куќи во Ресен и Ростуше. Има штедни влогови на нејзино име, на име на сопругот и децата.

Нејзиниот колега, министерот без ресор, Едмонд Адеми, има имот од околу 30.000 евра. Нема ниту куќа, ниту стан. Адеми има штедна книшка од 25.500 евра.

Имотот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вреди 190.000 илјади евра, но Османи има и кредити од околу 90 илјади евра. Пријавил дека има куќа и два автомбили.

Целиот владин кабинет има само еден ден да ги пополни анкетните листови и да ги достави до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Јавноста има право да знае со колкав имот седнуваат во министерските фотелји, а со колкав ќе заминат.