Трагедија во Кочани: Во сообраќајка загина седумдесет и шестгодишен велосипедист


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано изутрината на локалниот пат кон кочанското село Прибачево, во близина на месноста Пруга.

Се работи за 76годишен велосипедист од Кочани кој бил удрен од патничко моторно возило, а од полицијата потврдија дека по здобиените повреди од ударот, велосипедистот починал на лице место.

Околу 6.40 часот на локалниот пат селот Прбичаево село Оризари се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од 76годишен возач од Кочани и патничко моторно возило пежо 406 управуван од 52годишен возач од Прибачево. Во незгодата животот го загубил 76годишниот велосипедист, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Според очевидци на настанот, велосипедистот се упатил кон една од нивите во близина на местото каде се случила несреќата, но во критичниот момент не забележал дека се приближува автомобилот.

Тој доаѓаше од споредниот пат на главниот пат со точакот, ниту гледал лево десно, директно влетал во колата, немал време ниту тој со колата да застане, ниту овој со точакот, а не се гледа, нема прегледност, се гледа од тука дека нема прегледност, рече очевидец на настанот.

Поради увидот на местото на несреќата што го направија обвинител и полициските екипи околу два часа траеше прекинот на сообраќајот од Прибачево кон Кочани и останатите населени места.