После повеќе од еден век во Кенија ќе се гради нова железничка пруга


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Кенија оваа недела ќе биде претставена првата нова железничка линија по повеќе од еден век. Железницата ќе ги поврзува главниот град на Кенија, Најроби со пристанишниот град Момбас, а утре ќе бидат превезени првите патници на маршрута долга од 472 километри.

Новата железничка линија е најголем инфраструктурен проект во Кенија од стекнувањето на независноста и е дел од мастер планот на источноафриканските лидери своите земји да ги поврзат со железница.

На 30 мај 1896 година тогашната колонијална сила Британија ја почна изградбата на железничката пруга на просториите на денешна Кенија за подобрување на пристапот до богатството на Уганда. Токму таа пруга е заслужна за она што Кенија е денес.

Главниот град Најроби, денес регионален центар, беше мочурлива населба без ниту една атракција се додека не стана седиште на Железници Кенија.

Изградбата, која чинеше 3,2 милијарди долари е финансирана од Кина што би требало да и помогне на таа земја да ја зацврсти позицијата на капија кон Источна Африка.