Home Спорт После над 350 одиграни фудбалски натпревари се префрли на кошарка

После над 350 одиграни фудбалски натпревари се префрли на кошарка

Аргентинецот Родриго Паласио кој во италијанскиот фудбал одигра повеќе од 350 натпревари во периодот од 2009 до 2022 година кога ја заврши фудбалската кариера во Бреша има навистина интересна приказна. Неговата спортска кариера на заврши со збогувањето од фудбалот.

Паласио низ кариерата покрај Бреша настапуваше за Џенова, Интер и Болоња. Познат беше по својот имиџ и неговата плетенка. Откако ја заврши кариерата во 40-тата година од животот Паласио се сврте кон својата втора љубов, а тоа е кошарката.

Сега сите ги изненади веста дека Паласио се придружи на четвртолигашката екипа Геренгана која се натпреварува во Серија Д.

На првиот кошаркарски натпревар Паласио не разочара и веќе се појави видео од тој натпревар на кое може да се види како Паласио влегува под кошот и поентира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…