После „мртов шиптар – добар шиптар“ се огласи Артан Груби – еве што им порача на „Комити“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Артан Груби, актуелен прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците во новоформираната влада, преку Фејсбук статус го осуди однесувањето на навивачите на фудбалскиот клуб „Вардар“ кои вчера скандираа „Мртов Шиптар- добар Шиптар“ на скопскиот плоштад.

„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот.“, напиша Груби на Фејсбук.