Home Спорт После Иниеста, уште пет фудбалери ја напуштаат Барса

После Иниеста, уште пет фудбалери ја напуштаат Барса

Алеиш Видал е вториот фудбалер кој ова лето сигурно ќе ја напушти Барселона, отако пред неколку дена и капитенот Иниеста најави заминување.

Видал, кој по вокација е десен бек, оваа сезона беше користен и на крилната позиција, но веќе бил информиран за одлуката на раководство и тренерот, па сега е слободен да бара нов клуб.

Барселона му ја отвори излезната врата, а шпанските медиуми тврдат дека најсериозен интерес за него покажува неговиот поранешен клуб, Севиља.

Клубот од Андалузија е спремен да понуди 12 милиони евра за неговиот потпис, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Каталонците.

Најверојатно ова лето „Камп Ноу“ ќе го напуштат уште и Лукас Дињ, Андре Гомеш, Денис Суарез и Пако Алкасер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…