Home Актуелно После десет години, повторно во оптек авионската линија Скопје – Атина

После десет години, повторно во оптек авионската линија Скопје – Атина

По пауза од 10 години, од скопскиот аеродром денес повторно се пушта во оптек авионската директна линија Скопје – Атина, на која ќе сообраќа грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во „Ејџиан Ерлајнс“, Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави МИА, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик Ер“, подружница на „Ејџијан Ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „Кју400“ со капацитет од 78 патници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…