Home Шоубизнис После 25 години брак – се разведува најбогатиот човек на светот

После 25 години брак – се разведува најбогатиот човек на светот

Милијардерот и најбогат човек на светот Џеф Безос, основач и главен извршен директор на моментално капитално највредната компанија на Волстрит, „Амазон“, и неговата сопруга Мекензи Безос ставаат крај на брачниот живот после 25 години брак, соопшти самата брачна двојка во разведување на Твитер.

54-годишниот Безос моментално е најбогатиот човек во светот, со богатство кое достигна повеќе од 160 милијарди долари, благодарение на неговиот удел во „Амазон“.

Парот одлучил да се разведе по долгиот период на „љубовно истражување“ и очекува да продолжат како партнери во заеднички вложувања и проекти, како што се вели во соопштението. Џеф и Мекензи имаат четири деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…