Home Спорт БОМБА од Аргентина: Икарди нема да го продолжи договорот со Интер!

БОМБА од Аргентина: Икарди нема да го продолжи договорот со Интер!

Иднината на Мауро Икарди повторно е главна тема, а денес аргентинските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и ја открија неговата следна дестинација.

Веќе подолго време се водат преговори помеѓу Интер и напаѓачот за продолжување на договорот кој му истекува во 2021 година, а сега аргентинските медиуми тврдат дека напаѓачот нема да стави потпис на нов договор.

Имено, извори блиски на Икарди потврдиле дека одбил да стави потпис на нов договор и на лето ќе го напушти Интер, бидејќи сака преселба во Реал Мадрид или Челзи.

Во договорот на Икарди има откупна клаузула која изнесува 110 милиони евра, сума која наведените клубови се спремни да ја платат.

Икарди е разочаран што Интер не сака да ги исполни неговите финансиски барања, па решил да ја промени средината.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…