Премиерот Заев ги изнесуваше аргументите за уставните амандмани – седницата продолжува утре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Oбраќањето на премиерот Зоран Заев пред собраниските пратеници кои ќе треба да гласаат „за“ или „против“ уставните измени, беше дел од денешната собраниска седница посветена на уставните измени за имплементација на Преспанскиот договор која продолжува утре, пренесува Макфакс.

Повторно објаснувајќи ги и повторувајќи ги владините аргументи во одбрана на уставните амандмани, тој апелираше дека треба се издигнеме над делбите и да гледаме како се вее нашето знаме пред Брисел,

„Вашиот глас ‘за’ е за полноправно членство, а секој глас ‘против’ е за изолација, неизвесност. Светот гледа и очекува државничка одговорност на страна од партиската припадност. Имавме инклузивен процес во сите фази на уставните амандмани. Да се заблагодарам на СДСМ и коалицијата, ДУИ, ДПА, Беса и осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Заев и додаде дека тие се конструктивна опозиција за разлика од остатокот, а посебно му се заблагодари на Панчо Минов за придонес во предлозите вградени во амандманите, како и на Беса на Касами и „Алијансата за Албанците“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците од Беса на Касами, не присуствуваа на продолжението на денешната собраниска седница.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претходно, денеска, на прес-конференција пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест по што со неговите сопартијци се приклучи на протестот на „Македонија блокира“.

Седницата за уставните амандмани продолжува утре.