Порака од таборот на Вардар до МРТВ: Чувајте си ги парите за мексикански сапуници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар вчера запиша голема победа над европскиот шампион Монпелје и тоа на гостински терен, но за жал овој натпревар немавме можност да го следиме на некоја од националните телевизии.

МРТВ програмата на која досега се пренесуваше ракометната телевизија оваа сезона не ги откупи правата со обрзасложение дека Вардар оди во надолна и би било ризик да се плати големата сума.

Сепак црвено-црните уште во првиот натпревар покажаа дека и со ваков комбиниран состав можат да играат против било кого.
По натпреварот преку својот Фејсбук профил се огласи оперативниот менаџер на Вардар, Марко Савовски.

„Посебен поздрав до одговорните во МРТВ,бидејќи одиме во надолна линија и нели нема потреба да ги пренесувате натпреварите на РК ВАРДАР“, гласеше статусот на Савовски.

https://www.facebook.com/marko.savovski.1/posts/1911816925566498