Home Шоубизнис Понуда за која зборува светот: Јавно му предложи на Путин да се ожени со неа

Понуда за која зборува светот: Јавно му предложи на Путин да се ожени со неа

За време на неговата посета на Иваново, рускиот претседател Владимир Путин оствари средба со граѓаните, а една девојка му предложила брак со зборовите „ожени ме“.

Рускиот претседател со насмевка го прифатил предлогот и ја прашал девојката како се вика, на што таа кажа дека се вика Јулија.

Девојката потоа се приближила до Путин и како што подоцна раскажала за медиумите успеала на претседателот да му даде своја фотографија на која е запишан нејзиниот број на телефонот.

„Фотографијата му ја дадов сега ќе видиме каков ќе биде одговорот“ изјавила самоуверената девојка од Иваново.

Путин подоцна во разговор со претставници на организациите од градот истакнал дека Иваново отсекогаш бил градот на невести, па сега и тој добил понуда за брак.

Рускиот претседател воедно истакнал дека сега девојката која му понудила брак ќе стане позната поради тоа што нивниот разговор го снимиле медиумите. Иваново во минатото бил центар на текстилната индустрија и во него работеле многу жени, поради што бил познат и како град на невести.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …