Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, 27 април, понеделник, во Македонија претпладне ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 9, а максималната од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово и Охрид 14, Битола 23, Крива Паланка 21, Берово 18, Дојран 24.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од среда со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со ретки грмежи, особено во попладневните часови. Дневните температури ќе бидат без значителна промена, а утринските ќе бидат над нулата.