Полска градежна компанија направила асфалт кој мириса на цвеќе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полската градежна компанија Будимекс направила асфалт со мирис на цвеќе со цел да ги подобрат условите за работа на градежните работници, соопшти компанијата.

Пареата од обичниот асфалт не е штетна за луѓето, но новиот материјал ќе обезбеди поудобна работна средина за работниците при изградба на патиштата, соопштиле од Будимекс оваа недела.

Новиот битумен се состои од мешавина од природни и синтетички етерични масла, од кои повеќето го неутрализираат типичниот мирис на асфалт, додека останатите додаваат попријатен мирис на соединението.

„Повремено можете да го почувствувате мирисот на цвеќиња, што ја прави работата попријатна“, рече Славомир Шпак, надзорник во Будимекс.

Велат дека ќе разгледаат поширока примена на новиот состав.