Home Вебкафе Полицијата во Портланд уапси зимзелено дрво (видео)

Полицијата во Портланд уапси зимзелено дрво (видео)

„Ве молиме, господине Дрво, поместете се и не го блокирајте сообраќајот“, биле зборовите од полицајците кои му ги упатиле на типот кој, маскиран како дрво, го попречувал сообраќајот во центарот на американскиот град Портланд.

Откако „дрвото“ не ја послушало молбата од полицијата, тие биле принудени да го приведат „истото“. Против „дрвото“ е поднесена прекршочна пријава за попречување на сообраќајот, а не е јасно која му била целта на типот така преправен во дрво да прави проблеми во текот на сообраќајот.

Негов пријател изјави дека наводно на тој начин сакал да го анализира однесувањето на луѓето во сообраќајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Десетминутна навика која го менува начинот на размислување: Зошто водење дневник стана ритуал за добросостојба кај успешните жени

Во свет во кој мислите не престануваат, обврските се натрупуваат, а секојдневието често из…