Погледнете го трејлерот за долгоочекуваната македонска серија „На терапија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Ристановски како д-р Терзиев, Јелена Јованова во улогата на Милена, Висар Вишка во улогата на Гент и Драгана Костадиновска во улогата на неговата сопруга Зана – со овие ликови, преку најавното видео, на голема врата се најавува новата македонска ТВ серија „На терапија“.

Ангела Димитрова во улогата на тинејџерката и пливачка Ивана, Тони Наумовски во улогата на војникот Владо, Амернис Нокшиќи во улога на Ана Терзиева, сопругата на д-р Терзиев и Бедија Беговска во улогата на психотерапевтот д-р Вера Арсиќ се останатите ликови кои се дел од долгоочекуваниот сериски хит во најава.

„На терапија“ започнува со емитување на 18-ти септември на „ТВ Сител“. Ако треба да донесеме еден заклучок од овој трејлер, тоа е дека со нетрпение треба да ја очекуваме премиерата.