Професорката ја предупредила дека не носи градник – еве како била облечена ученичката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Средношколката Реми Алтуна од Калифорнија на школо отишла облечена во црна маичка со прерамки и длабоко отворен грб и релативно отворено деколте од предната страна на маичката, поради што се гледало дека девојката не носи градник под маичката. Иако мислела дека никој нема да прави проблем околу тоа, се излагала.

Професорката од средното училиште Баумонт, на југот од Калифорнија, ја опоменила Реми и барала од неа да облече јакна, бидејќи на школо дошла непристојно облечена. Кога Реми прашала според што е непристојно облечена, професорката посочила дека нејзиниот отворен грб е премногу разголен и ја праша дали воопшто носи градник.

„Не сакам луѓето да те гледаат и да мислат лошо за тебе. Само сакам да те заштитам“, објаснила професорката.

Реми напиша дека била шокирана поради тоа. „Не можев да верувам дека може да ме праша нешто такво, со тоа ги премина сите граници“, тврди средношколката. Таа на Твитер објави фотографија на која покажува како била облечена на час, потенцирајќи дека нејзината долна облека не треба да биде ничија грижа.