Погледнете го новиот спот за „Штом љубовта исчезне“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По пауза од 5 години, Наталија Славева повторно се враќа на музичката сцена со нова песна и видео. Се работи за баладата „Штом љубовта исчезне“ со која настапи на овогодинешниот Макфест 2018, Музиката е дело на Томислав Коцевски, текстот е на Огнен Неделковски, а додека аранжманот е од Дејан Миленковски. За видеото се погрижија Фабрика продукција кое е снимено во винаријата Камник.

„Со задоволство се враќам по подолг период на музиката, мојата прва љубов со една убава балада. Голема благодарност до целиот тим кој придонесе за да се направи еден убав производ, кој што се надеваме дека ќе и се допадне на публиката“, ни рече Славева.

Нејзиниот најнов спот погледнете го во продолжение: