Home Спорт Погба ги соопшти условите и го шокира Реал Мадрид

Погба ги соопшти условите и го шокира Реал Мадрид

После враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид повторно се актуелизираа шпекулациите за трансфер на Пол Погба.

Не е тајна дека Реал Мадрид е заинтересиран за Французинот, а медиумите тврдат дека Погба преку својот агент веќе му ги соопштил условите на „кралскиот“ клуб.

Играчот кој во моментов е во одлична форма побарал да биде најплатен фудбалер меѓу „кралевите“ и да добива годишна плата од 16 милиони евра или два повеќе од Герет Бејл.

Иако Погба игра во фантастична форма во последно време, сепак јавно призна дека би сакал да игра во Реал Мадрид и да соработува со Зинедин Зидан.

Англиските медиуми имаат и друга теорија, а таа е дека Погба сака поголема плата на „Олд Трафорд“, па поради тоа бара трансфер во Мадрид.

Французинот во Манчестер Јунајтед заработува 10 милиони фунти по сезона, а неговиот менаџер Мино Раиола може да ги искористи шпекулациите за да издејствува побогат договор со „црвените ѓаволи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…