Home Наука и техонологија Поезија за душа: „ЖЕНА КОЈА СПИЕ“ – Влада Урошевиќ

Поезија за душа: „ЖЕНА КОЈА СПИЕ“ – Влада Урошевиќ

Ламба во нејзинот сон гори
и мачка гази со кадифените шепи.
И додека шума со шума во темнината спори
се раѓаат езера невини и слепи.
Таа е неподвижна како затворена книга
но неми слики во неа се движат.
Пред портата на куќата лежат риба, ѕвезда, тигар,
и виснатата рака со јазици ѝ ја лижат.
Каде ја носи бранот и кој очите ѝ ги шири
пред која глетка, пред кое чудо, седмо, осмо?
Кој ја води – рибата во кој ли прилив,
тиrарот во која шума, ѕвездата во кој ли космос?

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…