На повидок договор за Влада? ДУИ се откажале од премиерска функција, ама го добиваат МВР


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите кои протекоа вчера од преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ за формирање Влада, Талат Џафери останува претседател на Собранието, ДУИ нема да добие премиер, ама го добива Министерството за внатрешни работи. Немаше потврдени информации освен тоа дека за в среда е закажан Извршен и Централен одбор на СДСМ.

Денеска Зоран Заев има средба со Али Ахмети на кој впрочем лидерите на двете партии треба да си подадат рака за конечниот договор.

„Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада, објави СДСМ вчера.

Сите детали ќе бидат објавени подоцна или по состанокот во среда.

Инаку Ина јави дека ДУИ се откажала од премиерското место, но ќе го добие Министерството за внатрешни работи и можеби технички премиер пред избори. Изворот, меѓутоа, рекол дека сѐ уште не може да се каже со целосна сигурност дали СДСМ ќе ја предводи Владата во текот на целиот мандат.