Голф „двојка“ од 1.300 коњски сили „гази“ со максимални 340 км/час


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голф од втората генерација беше еден од највозбудливите автомобили на стартната линија на настанот Рејс1000 кој се одржа пред неколку недели во Германија.

И покрај што изгледа како добро зачуван оригинален примерок, освен големиот интеркулер зад предниот браник, големиот издув и рол-кафезот, јангтајмерот може да јаде суперавтомобили за појадок и, ако има среќа, хиперавтомобили за ужина.

Компактниот хечбек за кој станува збор има 1.300 коњски сили кои се испраќаат на сите четири тркала, или 200 коњски сили помалку од моќниот Bugatti Chiron. Безбројните модификации и огромната сила му овозможуваат да стигне до 340 километри на час за само 800 метри. Поради ова достигнување познат е како „најбрзиот фолксваген голф „двојка“ во светот“, според описот во видеото на кое може да се види во акција.