Почина Супер Марио од реалноста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 84-годишна возраст почина американскиот бизнисмен со италијанско потекло, Марио Сегале, по кого беше именувана една од најпопуларните игри на сите времиња, видеоиграта „Super Mario“.

Марио Сегале сиот свој живот бегал од славата, но неговото име го носи најпознатата видео игра на сите времиња. Беше бизнисмен кој се занимаваше со градежништво и продажба на недвижниости во државата Вашингтон.

Во осумдесетите години им отстапил едно од своите складишта на јапонската компанија „Nintendo“, а тие во знак на благодарност го нарекле главниот лик на видео играта по него.

Ликот на Супер Марио е супер популарен во целиот свет веќе 30 години, но неговата слава не се намалува.

Последната авантура „Super Mario Odyssey“ е најпродавана „Nintendo Switch“ конзола на видео игри со продадени над 12 милиони примероци.