Почина познатиот македонски актер Данчо Чеврески


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 69-годишна возраст, вчера во Скопје, по долго боледување, почина актерот и универзитетски професор Данчо Чевревски.

Чевревски имаше богата актерска кариера и глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови: „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“, „Втора шанса“ и други.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ. Работеше како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде беше и декан.

Филмографија

1977 Најдолгиот пат (Стефан)
1975 Нели ти реков
1978 Златни години (Чирак)
1978 Белиот ѕид
1979 Курирот на Гоце (Динко)
1980 Оловна бригада (Диме)
1981 Пикник и тополи (Крака)
1982 Време на летала
1982 Јужна патека
1981 Козе
1984 Јуначко колено (Иџко)
1984 Исчекување (Диме)
1984 Нели ти реков
1984 Песок во автомобилот
1986 Климент Охридски (Наум)
1984 Хај-фај (Матеј Бојановски)
1987 Трст виа Скопје (Бранко)
1988 Тврдокорни (Ѓорѓи Сугарев)
1988 Облаци (Бранко)
1991 Тетовирање
1997 Џипси меџик (Кенеди)
2000 Последниот валцер (Дамјан)
2005 Крчма на патот кон Европа (Прокоп)
2007 Стапица Докторот
2009 Бунило Арсо
2011 Панкот не е мртов
2012 Ова не е американски филм
2014 Деца на сонцето
2017 Пси лају, ветар носи (Трајче) српска тв-серија
2019 Втора шанса (Петре)
2019 Бијег до мора (наставникот, реж. Вељко Булајиќ)

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата кариера, а лани на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал Астерфест ја доби наградата Астер за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.