Home Шоубизнис Почина Пиже – неговиот другар Игор Џамбазов со порака на Инстаграм се прости од него

Почина Пиже – неговиот другар Игор Џамбазов со порака на Инстаграм се прости од него

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — познат скопски урбан лик, шоумен, пејач и угостител. Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов. Тој се прости од Пиже преку социјалните мрежи.

Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес.

Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …