ПСЖ се откажа од можноста да го убедат Мбапе да остане


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пари Сент Жермен се откажале од можноста да го убедат Килијан Мбапе да потпише нов договор и според последните информации неговиот трансфер во Реал ќе биде официјализиран на 23-ти мај.

ПСЖ биле сигурни дека Мбапе ќе остане уште минатата недела, но по сите обиди да го убедат 23-годишниот Французин сепак не успеале, открива „ЕСПН“.

„ПСЖ се обиде да направи сѐ за да го задржи. Прво му понудија неверојатни суми на пари, потоа гаранции дека ПСЖ ќе има уште посилен тим од оваа сезона, му ја понудија и капитенската лента и на крај му даваа 100% приходи од имиџ-правата“, објави ЕСПН.

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе добие 100 милиони евра бонус при потпис на договорот.