Според руското Министерство за одбрана скоро 1.000 украински борци се предале од Азовстал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скоро 1.000 украински борци скриени во челичарницаа Азовстал во Мариупол се предале досега, соопшти руското Министерство за одбрана. Според овие информации, 694 борци на украинската војска и единицата Азов се предале во последните 24 часа.

Оттаму додаваат дека вкупно 959 војници се предале досега, вклучувајќи и 265 лица кои ја напуштија челичарницата во првите евакуации во понеделникот.

Оние кои ја напуштаат челичарницата се носени на територија под руска контрола. Украинските власти се уште не излегоа со најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката во Мариупол.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека акцијата за спасување војници продолжува.

Русија и Украина споменуваа договор според кој војниците би можеле да ја напуштат челичарницата, но многу детали од тој договор не се јавни.

Кремљ соопшти дека кон заробениците ќе се постапува во рамките на меѓународните стандарди, додека д Украина побараа размена на заробеници.