Home Актуелно Почина Алан Бин, четвртиот човек кој стапна на Месечината

Почина Алан Бин, четвртиот човек кој стапна на Месечината

Американскиот астронаут Алан Бин, четвртиот човек кој стапна на Месечината, почина на 86-годишна возраст.

Бин починал во својот дом во Хјустон, опкружен со семејството и своите најблиски, изјави неговата сопруга.

„Тажни сме поради заминувањето на астронаутот Алан Бин. Четвртиот човек кој чекореше по Месечината помина повеќе од десет часа на површината во текот на мисијата Аполо 12”, соопшти НАСА.

Помина 31 час и 31 минута на Месечината

Инаку, Бин е роден на 15-ти март 1932 година во Тексас. Тој заедно со Пит Конрад ја истражуваше површината на Месечината во ноември 1969 година, веднаш по првиот лет на Месечината, изведен од Аполо 11, во кој учествуваа Нил Армстронг и Едвин Олдрин.


„Тие ја истражуваа површината на Месечината, изведоа неколку експерименти и ја инсталираа првата станица со нуклеарен генератор со цел да создадат извор на енергија”, изјави неговиот биограф.

Бин во вселената бил вкупно 69 дена, 15 часа и 45 минути, од кои 31 час и 31 минута на Месечината, објави неговото семејство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…