Победија на The International Dota 2 и „лапнаа“ 18 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Team Spirit е победник на The International Dota 2, успех кој на сметката им донесе награда од вртоглави 18 милиони долари.

Истовремено, оваа награда од 18 милиони долари, е рекордна награда на е-спорт турнири.

„Тоа беше неверојатна авантура. Им благодариме на сите фанови за поддршката! Немаше да бидеме таму без вас. Се гледаме следната сезона”, објавија членовите на Team Spirit на Твитер.

Во финалето го победија тимот на ПСЖ. Се играше во три победи, а турнирот го гледаа милиони луѓе ширум светот. Член на еден од финалистичките тимови беше и Македонецот Мартин Саздов, во тимот на OG.