Еве кои се најсиромашните земји-членки на Европската унија според Еуростат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата статистичка анализа на Еуростат ја објави најновата листа на земји-членки распоредени редоследно според сиромаштијата.

Нашите соседи, Грција и Бугарија се најсиромашни во Европската Унија (ЕУ). Од друга страна, Словенија е една од државите со најмал ризик за сиромаштија.

Како што објави европското статистичко биро Евростат, во четири држави-членки на Европска Унија, Бугарија, Романија, Грција и Шпанија, повеќе од една-четвртина од населението е изложено на ризик од сиромаштија. Во Романија 35,8 отсто од населението е во ризик од сиромаштија, во Бугарија – 33,6 проценти, Грција – 27, 5 отсто и во Шпанија 27 проценти.

Најнизок процент на изложеност на сиромаштија минатата година имало во Чешка – 11,5 отсто, Словачка – 13,8 отсто, Словенија – 14,3 отсто, Холандија – 15,8 отсто и Финска 15,9 отсто.