Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Кандидатот за градоначалник на град Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, му ја честиташе победата на новоизбраниот прилепски градоначалник Борче Јовчески, кој градоначалничкиот мандат го освои како кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет. Мнозинството граѓани од нашата општина се изјасни за промени и му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Прилеп, се вели во објавата од Сугарески на Фејсбук.