Home Спорт По стапките на тато: Малиот од Руни потпиша за академијата на Манчестер Јунајтед

По стапките на тато: Малиот од Руни потпиша за академијата на Манчестер Јунајтед

11-годишниот Каи Руни, син на фудбалската легенда Вејн Руни, се приклучи на фудбалската академија на Манчестер Јунајтед откако потпиша договор со клубот во кој неговиот татко одигра 559 натпревари и даде 253 голови со кои е најдобриот стрелец во историјата на „Црвените ѓаволи“.

Каи Руни, кој ги следи стапките на неговиот татко Вејн, важи за сериозен талент и отсега за неговиот напредок ќе се грижи Манчестер јунајтед.

Вејн Руни на социјалните мрежи објави фотографија од моментот кога неговиот син Каи го потпишуваше договорот.

Руни напиша: „Горд ден. Каи потпиша за Манчестер јунајтед. Продолжи со напорната работа синко“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Наташа Павловиќ за годината во која изгубила тројца блиски: „Ја коментираа мојата тежина, а јас тагував“

Водителката на „Практична жена“ проговори за болната 2021 година, кога ги изгубила татко ѝ…