Пластиката од Нова година се исфрла од употреба – предлог ќесите да се наплаќаат 10 денари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со новите законски измени Владата предвидува исфрлање на пластичната амбалажа и прибор од употреба од 1 јануари, 2020 година. Овие измени предвидуваат во продавниците да нема повеќе бесплатни пластични кеси, туку истите задолжително да се наплаќаат по цена од 10 денари.

На овој начин сметаат дека граѓаните ќе се обесхрабарат да ги купуваат, а неместо нив, да употребуваат хартиени кеси или торби за пазарење.

Министерот Насер Нуредини вели дека засегнатите компании реагирале позитивно на оваа иницијатива. Се надева дека таа ќе биде прифатена и од страна на граѓаните и на таков начин ќе се намали ќе се помогне во зачувувањето на животната средина.

Пластиката од употреба, Владата ќе ја исфрли веќе од Нова година. Сите институции во следната јавна набавка ќе треба пластичните шишиња да ги заменат со стаклени, додека пак пластичните чаши, сламки и друг пластичен прибор за еднократна употреба воопшто нема да се набавува.

Во Европа се создаваат 25 милиони пластичен отпад на годишно ниво, додека пак 80 проценти од морскиот отпад преставува пластика што е закана за преживување на животинскиот и растителниот свет. Нивото на рециклирање и загрижувачко бидејќи помалку од 30 отсто се зема за преработка.